Кисела Вода - станбен објект информации

Објектот во Кисела Вода се наоѓа на ул. Наодни херои 18. Овој објект е изграден на мошне атрактивна локација во чија непосредна близина има основно училиште, ДСЕПУ „Васил Антевски-Дрен“, градинка, линија на јавното сообраќајно претпријатие (24), паркови, супермаркетите Тинекс и Сп маркет. Освен за живеење, преку деловните простории во рамките на објектот, оваа локација е особено привлечна и за вршење на работните активности. Објектот располага со сопствен паркинг простор, два влеза, шест деловни простории на приземје.

Дополнителни спецификации:

  • Објектот има два влеза. Влезот во објектот е преку скали и рампа. До ниво на подрум од дворот се влегува со рампа. Сите влезови се контролирани.
  • Катноста на објектот е приземје, шест ката и поткровје, локацијата има сопствен двор, хортикултурно уреден.
  • Објектот има седум локала на приземје.
  • Од ниво на подрум до поткровје одат по два лифта за секој влез.
  • Фасадата е термички изведена со голем коефициент на енергетска заштита.
  • Влезот во објектот е преку ветробран. Подот е од вештачки гранитни плочки.
  • Скалите се обложени со вештачки гранитни плочки.
  • Влезната врата во станот е метална – сигурносна заштита. Внатрешната столарија е бел фурниран медијапан. Подот е од храстов паркет, лакиран. Надворешната столарија е од ПВЦ , петкоморна, бела боја.
  • Бања – гостинско вц. Подот е изведен од висококвалитетни керамички плочки. Ѕидот до целата своја висина обложен е со керамички плочки. Плафонот е од хантердаглас. Просторот се вентилира преку вградени аспиратори. Опремата во бањата и вц-то е стандарна со соодветна галантерија.
  • Кујна
  • Подот е изведен од висококвалитетни керамички плчки. Зидовите се обложени до висина од 150 см со керамички плочки.
  • Балкон –логија
  • Подот е изведен од керамички плочки. Сите ѕидови кон просторот се изведени од материјал кој овозможува висока термичка заштита.
  • Секој стан има сопствено греење
Rating
13615