Битола - станбен објект

  1. Објектот во Битола се гради на една од најатрактивните и мошне популарни локации во градот кај АРМ 1 или т.н. Стара касарна која се наоѓа на подножјето на Златниот рид. Привлечноста на оваа локација се должи пред сè во достапноста и непосредната близина на некои од главните обележја на Битола: Широк Сокак, Тумбе-кафе, Народниот музеј, Народниот театар, како и објекти од особено значење за секојдневниот живот и потреби (болница, супермаркети, училишта, градинки). Освен тоа, овозможува и брз премин кон зелениот дел од околината на градот кој претставува идеално место за одмор и рекреација. Изградбата на објектот е во тек
    -  дополнителни (технички) спецификации:

ОПИС НА УПОТРЕБУВАНИТЕ ГРАДЕЖНИ МАТЕРИЈАЛИ ВО СТАНОВИТЕ

  1. Заеднички простории :
  1. Влезот и ветробранот се со подови од полугранитни плочки
  2. Скалите се од приземје до први кат со полугранитни плочки, а по сите спратови со ќерамички или со полугранитни плочки (вештачко гранитни плочки)
  3. Ѕидовите околу лифтовите се опшиени делумно со мермерни или полугранитни плочки
  4. Зградата има два лифта 1 х 630кг и 1 х 1000кг носивост и се со брзина од 1,2-1,6м/сек. Лифтовите се со автоматски врати, дигитални дисплеи и антивандал повикувачки гарнитури.
  5. Пред ветробранот поставен е дигитален дисплеј со повикувач до секој стан и камера за пренос на слика во секој стан од пред влезна врата. Во ветробраните поставени се камери за видео надзор 24 часа со снимање на компјутер во просторијата на домарот.
  6. Лифтовите се опремени со видео камери.
  7. Објектот е под видео надзор 24/7 со посебен правилник за преглед на камерите.

  1. Заеднички Инсталации
  1. Зградата има посебна громобранска инсталација со ,,Преветрон,, громобрански ситем.
  2. Во зградата инсталирани се оптички кабли за интернет, телефонија, кабловски телевизии и други инсталации за други потреби, делумно поставена компјутерска инсталција, видео систем пред секоја влезна врата од секој стан. Сето ова е само дел од иновациите во заедничко посебните инсталации.
  3. градата има противпожарна инсталација и противпожарна дојава со светлосни уреди и звучни сирени внатре во зградата и надвор од неа.
  4. Зградата има внатрешни противпожарни на секој кат и два надворешни поставени во шахти.
  5. Стаклените површини се со стакло ,,за четири сезони“ и се илуминативно осветлени со LCD светилки.
  6. На скалите има поставени LCD светилки на 20 см од истите за целодневно делумно и дежурно осветлување на секој крак од скалиштето
  7. Во зградата е поставена дренажна инсталација со длабоко ископан бунар опремен со пловак пумпа за користење во посебни потреби

 

  1. ОПШТИ КАРАКТЕРИСТИКИ ЗА ЦЕЛАТА ЗГРАДА

 

  1. зградата е со 2хПо+Пр+7+По и тоа во приземјето со деловни простории, а на сите останати катови со станбен простор.
  2. Зградата е izolirana со демит фасада со д=8 см изолација како системска фасада, Зградата е изведена со градежна физика со голема термичка заштита за термичка топлопроводливост по новите normi кои произлегуваат од законот за Енергетска Ефикасност.
  3. Од третиот кат нагоре становите се со затворени логии со полуструктурална фасада и стакло т.н. „стакло за четири сезони“.
  4. Покривот е со панелен лим д=6 см со многу голема термичка заштита и со двокоморен лексан над скалите и ходникот и меѓу ламели.
  5. Фасадата е финално обработена со полупластичен еколошки малтер како финален слој фабрички обоен.
  6. Сите прозори во зградата се со петкоморна пластика, а застаклена со термопан стакло исполнето со аргон помеѓу термопан стаклата (4+16+4). Во приземјето дуќаните се изработени со ладен силвер алуминиум застаклен со термопан стакло (6+14+4) мм.
  7. Од јужната страна од зградовите, дневните sobi се со полуструктурална фасада
  8. Сите одводни атмосферски води од покривот, од балконите, се одведуваат во atmosverski cevki коi sе затворено поставен во дебелината на демит фасадата.
  9. Секој стан има обезбедено паркинг место во подрумот кое е обврска при купопродажбата.
  10. Одреден број на станови по желба имаат посебен клет-остава во подрумот.
  11. Зградата има можност за сопствено парно греење со поставени централни водови од подрум до секој кат и стан, а разводот во станот е по желба на купувачот. Во сите простории греењето е решено со електрични панели од италијанско производство. Секој стан е со можност да биде издвоен од системот на парно греење
  12. Водоводната инсталација е изведена со ПВЦ цевен развод димензиониран со 10 бари притисок.
  13. Санитаријата е од типот на стандардна бела санитарија комплетно за сите станови прва класа, а по шемите за секој стан поединечна. Поставување на проточни бојлери, обезбедување на енергија за нив (2). Во цената има када со параван 120/85 основна варијанта, мијалник, WC шоља, заедно со сите арматури.
  14. Канализационата инсталација е изведена од пластични цевководи со излез према југоисток каде е и главната канализациона шахта. Сите вертикали излегуваат над покривот со систем за обезвоздушување. Сите балкони се изведени со одводни сифони поставени во атмосферската канализација.

 

 

  1. СЕКОЈ СТАН ПОЕДИНЕЧНО
  1. Влезните врати се сигурносни со четвороструко затворање од типот ,,Блиндор врати, со солиден квалитет. Пред секоја врата има камера за станско посебно снимање.
  2. Внатрешните врати се фурнирано медијапански бело обработени со фолија и со основна шара со полузаоблени каси. Сите врати се од прва класа.
  3. Плочките за сите подови се со големини од 40/30 д=6мм и 20/20 д= 5мм керамички (бањи и ниши) и полугранитни (трпезарии и ходници). Ќерамичките плочки во санитариите се со 30/40 см двобојни со д=5мм глазирани или мат, ѕидните плочки во кујните се поставени со 20/20 см и д=5мм, а подните се керамички плочки со димензии 30/30.
  4. Подовите во дневните се со ,,Tarket или паркет - бука подови д=14 мм, поставени на клик-клак систем. Истиот систем е поставување на филц.
  5. Сите ѕидови се малтерисани со машински малтер, глетовани и бојадисани со еко поликолор бела боја. Сите ивици се третирани со аголни лајсни.
  6. Плафоните се шпаковани, глетовани и бело бојадисани.
  7. Секој стан има посебен систем на штедење на електрична енергија со систем на картица за исклучувања на СРТ (станската разводна табла).
  8. Сите кујни се третирани како шведски кујни, шанковски третирани према дневните соби. Завршниот елемент на шанкот секој сам си го поставува во зависност од сопствените ентериери.
  9. Сите санитарии имаат и греалки за затоплување на бањите,
  10. Секој стан има своја посебна нумерација и со предавањето на истиот добива по 5 кодирани клучеви и поштенско сандуче.

( 1) евентуален довод на електрична енергија за електрично парно загревање на секој стан, поединечно дополнително ќе се наплаќа кај изведувачот за обезбедена јачина во трафостаницата и трошоците на доводните кабли.

(2) инсталација дополнително ќе се доплаќа по желба на купувачот

Rating
17788