Битола - станбен објект
- Објектот во Битола се гради на една од најатрактивните и мошне популарни локации во градот кај АРМ 1 или т.н. Стара касарна која се наоѓа на подножјето на Златниот рид. Привлечноста на оваа локација се должи пред сè во достапноста и непосредната близина на некои од главните обележја на Битола: Широк Сокак, Тумбе-кафе, Народниот музеј, Народниот театар, како и објекти од особено значење за секојдневниот живот и потреби (болница, супермаркети, училишта, градинки). Освен тоа, овозможува и брз премин кон зелениот дел од околината на градот кој претставува идеално место за одмор и рекреација. Изградбата на објектот е во тек
- дополнителни (технички) спецификации:
ОПИС НА УПОТРЕБУВАНИТЕ ГРАДЕЖНИ МАТЕРИЈАЛИ ВО СТАНОВИТЕ
- Заеднички простории :
- Влезот и ветробранот се со подови од полугранитни плочки
- Скалите се од приземје до први кат со полугранитни плочки, а по сите спратови со ќерамички или со полугранитни плочки (вештачко гранитни плочки)
- Ѕидовите околу лифтовите се опшиени делумно со мермерни или полугранитни плочки
- Зградата има два лифта 1 х 630кг и 1 х 1000кг носивост и се со брзина од 1,2-1,6м/сек. Лифтовите се со автоматски врати, дигитални дисплеи и антивандал повикувачки гарнитури.
- Пред ветробранот поставен е дигитален дисплеј со повикувач до секој стан и камера за пренос на слика во секој стан од пред влезна врата. Во ветробраните поставени се камери за видео надзор 24 часа со снимање на компјутер во просторијата на домарот.
- Лифтовите се опремени со видео камери.
- Објектот е под видео надзор 24/7 со посебен правилник за преглед на камерите.
- Заеднички Инсталации
- Зградата има посебна громобранска инсталација со ,,Преветрон,, громобрански ситем.
- Во зградата инсталирани се оптички кабли за интернет, телефонија, кабловски телевизии и други инсталации за други потреби, делумно поставена компјутерска инсталција, видео систем пред секоја влезна врата од секој стан. Сето ова е само дел од иновациите во заедничко посебните инсталации.
- градата има противпожарна инсталација и противпожарна дојава со светлосни уреди и звучни сирени внатре во зградата и надвор од неа.
- Зградата има внатрешни противпожарни на секој кат и два надворешни поставени во шахти.
- Стаклените површини се со стакло ,,за четири сезони“ и се илуминативно осветлени со LCD светилки.
- На скалите има поставени LCD светилки на 20 см од истите за целодневно делумно и дежурно осветлување на секој крак од скалиштето
- Во зградата е поставена дренажна инсталација со длабоко ископан бунар опремен со пловак пумпа за користење во посебни потреби
- ОПШТИ КАРАКТЕРИСТИКИ ЗА ЦЕЛАТА ЗГРАДА
- зградата е со 2хПо+Пр+7+По и тоа во приземјето со деловни простории, а на сите останати катови со станбен простор.
- Зградата е izolirana со демит фасада со д=8 см изолација како системска фасада, Зградата е изведена со градежна физика со голема термичка заштита за термичка топлопроводливост по новите normi кои произлегуваат од законот за Енергетска Ефикасност.
- Од третиот кат нагоре становите се со затворени логии со полуструктурална фасада и стакло т.н. „стакло за четири сезони“.
- Покривот е со панелен лим д=6 см со многу голема термичка заштита и со двокоморен лексан над скалите и ходникот и меѓу ламели.
- Фасадата е финално обработена со полупластичен еколошки малтер како финален слој фабрички обоен.
- Сите прозори во зградата се со петкоморна пластика, а застаклена со термопан стакло исполнето со аргон помеѓу термопан стаклата (4+16+4). Во приземјето дуќаните се изработени со ладен силвер алуминиум застаклен со термопан стакло (6+14+4) мм.
- Од јужната страна од зградовите, дневните sobi се со полуструктурална фасада
- Сите одводни атмосферски води од покривот, од балконите, се одведуваат во atmosverski cevki коi sе затворено поставен во дебелината на демит фасадата.
- Секој стан има обезбедено паркинг место во подрумот кое е обврска при купопродажбата.
- Одреден број на станови по желба имаат посебен клет-остава во подрумот.
- Зградата има можност за сопствено парно греење со поставени централни водови од подрум до секој кат и стан, а разводот во станот е по желба на купувачот. Во сите простории греењето е решено со електрични панели од италијанско производство. Секој стан е со можност да биде издвоен од системот на парно греење
- Водоводната инсталација е изведена со ПВЦ цевен развод димензиониран со 10 бари притисок.
- Санитаријата е од типот на стандардна бела санитарија комплетно за сите станови прва класа, а по шемите за секој стан поединечна. Поставување на проточни бојлери, обезбедување на енергија за нив (2). Во цената има када со параван 120/85 основна варијанта, мијалник, WC шоља, заедно со сите арматури.
- Канализационата инсталација е изведена од пластични цевководи со излез према југоисток каде е и главната канализациона шахта. Сите вертикали излегуваат над покривот со систем за обезвоздушување. Сите балкони се изведени со одводни сифони поставени во атмосферската канализација.
- СЕКОЈ СТАН ПОЕДИНЕЧНО
- Влезните врати се сигурносни со четвороструко затворање од типот ,,Блиндор врати,“ со солиден квалитет. Пред секоја врата има камера за станско посебно снимање.
- Внатрешните врати се фурнирано медијапански бело обработени со фолија и со основна шара со полузаоблени каси. Сите врати се од прва класа.
- Плочките за сите подови се со големини од 40/30 д=6мм и 20/20 д= 5мм керамички (бањи и ниши) и полугранитни (трпезарии и ходници). Ќерамичките плочки во санитариите се со 30/40 см двобојни со д=5мм глазирани или мат, ѕидните плочки во кујните се поставени со 20/20 см и д=5мм, а подните се керамички плочки со димензии 30/30.
- Подовите во дневните се со ,,Tarket“ или паркет - бука подови д=14 мм, поставени на клик-клак систем. Истиот систем е поставување на филц.
- Сите ѕидови се малтерисани со машински малтер, глетовани и бојадисани со еко поликолор бела боја. Сите ивици се третирани со аголни лајсни.
- Плафоните се шпаковани, глетовани и бело бојадисани.
- Секој стан има посебен систем на штедење на електрична енергија со систем на картица за исклучувања на СРТ (станската разводна табла).
- Сите кујни се третирани како шведски кујни, шанковски третирани према дневните соби. Завршниот елемент на шанкот секој сам си го поставува во зависност од сопствените ентериери.
- Сите санитарии имаат и греалки за затоплување на бањите,
- Секој стан има своја посебна нумерација и со предавањето на истиот добива по 5 кодирани клучеви и поштенско сандуче.
( 1) евентуален довод на електрична енергија за електрично парно загревање на секој стан, поединечно дополнително ќе се наплаќа кај изведувачот за обезбедена јачина во трафостаницата и трошоците на доводните кабли.
(2) инсталација дополнително ќе се доплаќа по желба на купувачот